МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Вучиќ го покажа неговото сместување во касарната во Лозница: „Има се, мене ќе ми биде прекрасно“

Beograd, 24. maja 2019. - Predsednik Republike Srbije Aleksandar Vucic primio je decu ucesnike Svesrpskog decjeg sabora. FOTO TANJUG/ SAVA RADOVANOVIC/ bg

Српскиот претседател Александар Вучиќ го пофали неговото сместување во касарната во Лозница, каде што ќе престојува во следните шест до седум дена, при посетата на Подриње, каде со населението ќе разговара за проектот Јадар и ископот на литиум.

Во видеото објавено на својот Инстаграм профил, Вучиќ покажа каде ќе се капе, спие и работи.

„Овде e купатилото, многу убаво е уредено, ова е многу убава туш кабина, еве мал, но чист тоалет, тоа е тоа, се има, одлично“, Вучиќ ги покажа бањата и тоалетот што ќе ги користи. Потоа се упати кон спалната соба, каде што има кревет, телевизор и мини фрижидер „што ми ги донесоа од мојата канцеларија во Белград, рече Вучиќ“.

„Овде е и плакарот, готови се кошулите, ќе треба да ги испегламе. Ќе биде прекрасно, убаво за мене“, рече тој.

Заедно со видеото напиша дека „сместувањето е исклучително, но имаме многу важни задачи и работи што треба да ги направиме за нашите луѓе во овој дел на Србија“.

Србија не смее да запре“, напиша тој на крајот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial