Вулин: Војската пукаше во воздух во два инциденти во мигрантските центри
Српската војска пред двата центри за мигранти пукаше во воздух во знак на предупредување како никој од мигрантите не би избегал од карантин, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вулин кажа дека во мигрантските центри во Адашевци кај Шид и во Крњача кај Белград, војниците пукале во воздух за да ја смират ситуацијата.
-Ова беа настани во нашата област на одговорност и тие се решени најдобро што можеме, изјави Вулин за ТВ Пинк.
Тој потсети дека мигрантите се во 24-часовен карантин во сите центри додека трае вонредната состојба поради коронавирусот. Тој додаде дека српската армија строго го почитува законот и правилата на службата и дека секој војник знае дека никој не смее да му ја земе пушката.
Во центрите за мигранти во Србија сместени се околу 8.800 мигранти и според надлежните никој од нив не е заразен со коронавирус.