МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во Црниче почнаа градежни работи за рехабилитација на улицата Востаничка

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски денеска во населбата Црниче го означија почетокот на рехабилитацијата на улицата „Востаничка“.

„Улицата „Востаничка“ во општината Кисела Вода за околу два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата „Црниче“ до улицата „Свети Наум Охридски“. На оваа делница долга 1.100 метри ќе се обноват коловозот и рабниците, а ќе се реконструираат и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што е неопходно. Вредноста на реконструкцијата на улицата „Востаничка“ изнесува околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена“. – соопштија од Градот Скопје

„Денеска Градот Скопје почнува рехабилитација на улицата „Востаничка“. Улицата „Востаничка“ е една од главните артерии на нашата општина, со години истата не беше реконструирана и никакви зафати не беа правени во овој дел од градот. Задоволство е што со соработката со Градот Скопје го подигаме квалитетот на живеење, и еден по еден клучните проблеми ги решаваме. Дополнително Општина Кисела Вода и во месната и во урбаната заедница Пржино ќе отпочне рехабилитација на улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Мариовска“, со тоа ќе го подобриме квалитетот на живеење. Само со заедничка работа помеѓу Градот Скопје, Општината Кисела Вода и сите останати субјекти може да стигнеме до крајната цел, а тоа е поубава, почиста и функционална општина Кисела Вода“. – истакна градоначалникот Филип Темелковски

„Улицата „Востаничка“ е всушност продолжение на улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ кои беа предмет на реконструкција минатата година. Овде ќе решиме и еден горлив проблем што долги години ги мачи граѓаните од овој дел од градот, ќе изработиме нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да обезбедиме континуирано и квалитетно водоснабдување“. – кажа градоначалникот Петре Шилегов

На отпочнувањето на градежните работи на улицата „Востаничка“ со градоначалниците Темелковски и Шилегов присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial