Во Словенија влез само со негативни тестови од ЕУ
Според одлуката на словенечката влада од денеска веќе не е можно да се влезе во Словенија со негативен ПЦР тест од земјите што не се членки на ЕУ, односно шенген зоната што знали дека не важат тестовите од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово. Влез во Словенија без одење во карантин е можен само со негативен ПЦР тест од ЕУ не постар од 24 часа.
Со одлуката се предвидува дека влез во Словенија од земјите на црвената листа, без упатување дома во карантин или без приложување негативен ПЦР тест е дозволен само за седум исклучоци.
Тоа се лицата кои се вработени во една од земјите-членки на ЕУ или во друга земја од шенген-зоната за што имаат доказ, односно потпишана изјава со која се докажува причината за преминување на границата како дневен работник-мигрант и се враќаат во рок од 14 часа по преминувањето на границата. Потоа, оние кои вршат меѓународен транспорт, како и лица кои превезуваат стока во Словенија или од Словенија во комерцијален сообраќај или во товарен сообраќај во транзит и ја напуштаат Словенија во рок од осум часа по преминувањето на границата. Исто така, иземени се лицара што патуваат транзитно низ Словенија и ја напуштаат не подоцна од шест часа по влегувањето, претставниците на странските безбедносни органи кои извршуваат службена задача и ја напуштаат Словенија што е можно поскоро по извршувањето на задачата, лицата кои се донесени во Словенија со брза помош и медицинската придружба во тоа возило, како и лицата со дипломатски пасош.