Нова страница за информации

Во Москва рекорден број на смртни случаи од ковид

Русија денес објави рекорден број на смртни случаи поврзани со ковид-19 во Москва, како резултат на зголемувањето на бројот на инфекции.

Според властите, за тоа се одговорни новиот вид на делта и бавниот напредок на програмата за вакцинација.

Работната група на руската влада за коронавирус објави 20.393 нови случаи на ковида 19, од кои 7.916 во Москва, што е најголем дневен број на случаи од 24 јануари, пренесува руската агенција ТАС.

Така, вкупниот број на заразени лица во Русија се зголеми на 5.409.088 од почетокот на пандемијата.

Исто така беше објавено дека 601 лице починало од последиците поврзани со коронавирусот во последните 24 часа, од кои 98 во главниот град, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи во Русија на 132.064.

Санкт Петербург исто така објави 98 смртни случаи.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial