МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во мај и јуни Грција постепено ќе се враќа во нормала

Во однос на туризмот, Герапетритис рече дека заштитата на јавното здравје ќе биде главниот предуслов за почетокот на сезоната и истакна дека Грција е во добра позиција и ќе биде особено популарна дестинација бидејќи конкурентските земји како што се Италија, Шпанија и Турција ќе бидат под силен притисок.

Од 4 мај и постепено, секоја седмица, ќе имаме по едно отворање, ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, а на крај и туризмот, рече државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Тој додаде дека целата преодна фаза, ќе трае два месеци односно цел мај и цел јуни, со главен критериум јавното здравје.

– Не е дека одеднаш ќе го вклучиме прекинувачот и ќе се најдеме во ситуацијата на која што бевме навикнато, многу работи ќе останат да бидат дел од нашите животи, односно ќе остане соодветната социјално растојание, ќе остане заштитата на ранливите категории, ќе остане избегнувањето на собири и личната хигиена ќе остане. Но, од 4 мај и постепено, секоја седмица, ќе имаме по едно отворање, ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, а на крај и туризмот – објасни државниот министер на Грција.

Во однос на туризмот, Герапетритис рече дека заштитата на јавното здравје ќе биде главниот предуслов за почетокот на сезоната и истакна дека Грција е во добра позиција и ќе биде особено популарна дестинација бидејќи конкурентските земји како што се Италија, Шпанија и Турција ќе бидат под силен притисок.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial