МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во градинката „Расадник“ се поставуваат нови прозорци и надворешни врати

Општина Кисела Вода поставува нови прозорци и надворешни врати во градинката „Расадник“.  

Денеска градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и директорката на ЈДГ „8 Март“, Павлинка Топузоска изврши увид во работните активности за замена на старата столарија на објектот „Расадник“.

Имено, за замената на дотраената надворешна столарија во објектот „Расадник“ кој е во склоп на ЈДГ „8 Март“, Општината аплицираше на повикот на Владата на Република Северна Македонија за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност.

За целосната обнова на прозорците и вратите преку Владата обезбедни се финансиски средства во износ од 1.600.000 денари.

Изминатиов период Општина Кисела Вода реализираше многу проекти за подобрување на условите за децата во градинките и училиштата. Неодамна, целосна обнова беше извршена во градинката „Мимоза“, лоцирана спроти ТЦ „Шампионче“. Во објектот „Мимоза“ во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“ со грант средства од 4,7 милиони денари од Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светска банка извршена е целосна енергетска обнова, поставена е нова фасада со термичка изолација, заменети се прозорците и надворешните врати и олуци.

Додека во внатрешниот дел од градинката поставена е нова плафонска изолација. Со ова обезбедени се потопли простории за вработените и дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во градинката.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial