Во Велика Британија пронајдена нова варијанта на КОВИД-19
Нова варијанта на вирусот кој предизвикува КОВИД-19 беше откриена во Кент, Велика Британија, а сега научниците се сомневаат дека тој вирус веќе цикрулира надвор од земјата. Вирусот беше забележан благодарение на системот за надзор во Велика Британија, велат научниците.
Конзорциумот Cog-UK (Covid-19 Genomics Consortium) ја следи генетичката историја на повеќе од 150.000 примероци на вирусот САРС-Ков-2 Тоа е еднакво на половина од генетичкото секвенционирање на корона вирусот во светот.
Професорката Шерон Пикок, која е на чело на конзорциумот, вели дека високото ниво на геномкси надзор во Велика Британија значи дека ако некој некаде во светот сака да открие нешто, веројатно ќе биде откриено прво во Велика Британија.
Генетичкиот код на вирусот е како прирачник со упатства како да управувате со него. Како што се реплицира, се случуваат мали грешки или промени. Корисниците промени ќе му помогнат на вирусот да се шири побрзо од човек на човек и така станува позачестен.
Секвенционирањето на геномот на вирусот им овозможува на научниците да видат како се менува додека полека мутира и да откријат како се шири заразата така што бараат кластери на одредена варијанта на вирусот. Тие генетички детективи, врз основа на варијантите кои се ширеле таму, открија дека првата појава на заразата во Велика Британија се случила главно од Европа, а не од Кина.
Научниците не се сигурни кој бил првиот случај на заразен со новата мутирана верзија на вирусот. Затоа не можат ни да бидат сигурни дека новата мутирана верзија за прв пат се појавила во Кент или била донесена однадвор, како што не можат да знаат ни дали е проширена надвор од Велика Британија.
Професорот Том Конор, кој бил вклучен во секвенционирањето ан вирусот во Велс, вели дека веројатно е оти сличи варијанти на вирусот се појавуваат и во други земји во свето, но се уште не се откриени. Со цел да откријат дали новата варојатна излегла надвор од земјата и дали дошла однадвор ќе треба да се споредат податоци со други земји, но проблемот е што ретко каде постојат такви податоци, додава професорот Конор.
Она што ги алармираше научниците кај новата варијанта на вирусот се 23 различни мутации, од кои 17 се однесуваат на составните делови на протеините од кои е направен вирусот. Несекојдневно е толку многу мутаации да се оојават одеднаш. Тоа асоцира дека мутациите не се случиле случајно и голема е веројатноста на вирусот да му дадат еволутивна предност, објаснува Конор.