МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во Британија 12 луѓе починаа од омикрон, можни нови мерки пред Божиќ

Дванаесет лица заразени со омикрон починаа во Велика Британија, изјави британскиот вицепремиер Доминик Рааб, не исклучувајќи ја можноста за построги социјални ограничувања пред Божиќ.

Велика Британија бележи рекордно високи нивоа на случаи на ковид-19, а официјалните лица и министрите предупредуваат дека допрва ќе се видат целосните ефекти од последниот бран.

Омикрон, откриен минатиот месец во Јужна Африка и Хонг Конг, брзо се рашири низ светот и досега е забележан во најмалку 89 земји. Познато е дека тој сој многу лесно се пренесува, но сериозноста на заболувањето што ја предизвикува сè уште е нејасна.

Покрај 12 смртни случаи, Рааб рече дека моментално има 104 луѓе заразени со омикрон во болниците.

Официјалните лица минатата недела предупредија дека бројот на хоспитализирани може значително да се зголеми бидејќи последниот бран на инфекција сè уште се шири низ населението.

Можни се нови мерки

Рааб изјави за Тајмс дека не може да гарантира дека владата нема да воведе дополнителни ограничувања пред Божиќ.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial