Во Босна и Херцеговина починаа уште 76 пациенти со Ковид-19
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина по тестирани 5.341 примерок, регистрирани се 1.698 новозаразени, а во истиот период починаа 76 пациенти.
Во Федерацијата тестирани се 3.808 примероци, а новозаразени се 1.037 луѓе.
Досега се тестирани 546.815 примероци, а вирусот е потврден кај 112.439 лица. Оздравеа 89.523 пациенти.
Пријавени се уште 51 починат пациент или вкупно 3.760.
Во Република Српска од тестирани 1.406, позитивни биле 576 лица.
Пријавени се уште 24 смртни случаи или вкупно 2.698.
Досега во РС заболеле 54.059 граѓани од Ковид-19, а оздравеа 38.342, додека тестирани се вкупно 233.044 лица.
Во Брчко тестирани се 127 примероци, а 85 биле позитивни, додека починало едно лице.