МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВО БАНКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЧУВААТ 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.НО,НА КОЈА НАЈМНОГУ И ГИ ДОВЕРУВААТ ПАРИТЕ?

Околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки. Сепак, на која банка најмногу ги доверуваат своите пари на чување покажуваат податоците на Народната банка.

Според нив, најголем дел од својата заштеда граѓаните ја носат на чување во најголемата и најпрофитабилна банка, Комерцијална банка. Бројките од Народната банка укажуваат дека граѓаните во оваа банка чуваат 1,3 милијарди евра.

Втора најголема банка на која домаќинствата и ги довериле заштедите е Стопанска банка. Парите што како депозити се чуваат во оваа банка изнесуваат нешто малку над една милијарда евра.

Трета банка со најголемо депозитно салдо е НЛБ банка. Домаќинствата таму штедат околу 900 милиони евра.

Од останатите единаесет банки присутни на домашниот пазар, на четврто место по висината на депозити е Халк банка со депозитна сметка од 315 милиони евра.

Следува Охридска банка со 218 милиони евра во депозити, а веднаш зад неа е Универзална инвестициона банка чија депозитна база на домаќинствата изнесува 206 милиони евра.

Во останатите банки се чуваат нешто помалку пари. На Шпаркасе банка домаќинствата на чување и довериле 149 милиони евра. Во Прокреди банка граѓаните чуваат 140 милиони евра.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial