МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во Албанија расте бројот на заразените, Рама се закани со повторно воведување на рестриктивните мерки

Премиерот на Албанија Еди Рама се закани дека повторно ќе воведе мерка за забрана на движењето по наглото зголемување на бројот на нови случаи на зараза со коронавирусот.

Рама оцени дека растот на бројот на новозаразените е последица на тоа што граѓаните ги игнорираат препораките на здравствените власти за заштита од коронавирусот.

Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално дистанцирање и да носат маски и ракавици.

Кажа дека владата во спротивно би можела повторно да воведе рестриктивни мерки.

Поради коронавирусот во Албанија околу два месеци беа затворени границите, како и рестораните, кафичите и другите места за собирање луѓе.

Ограничувањата беа ублажени пред повеќе од две недели, а во претходните три дена дојде до голем скок на бројот на потврдени инфекции.

„Економијата паѓа и се крева. Мртвите не можат да оживеат“, кажа Рама во видео-порака на Фејсбук.

Албанија до синоќа пријави 1.385 регистрирани случаи на зараза и 35 смртни случаи од коронавирусот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial