Нова страница за информации

ВМРО-Народна: Македонските Бугари се чувствуваат загрозени поради бугарското вето

Од ВМРО-Народна се загрижени поради објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија, со цел да се оправда, како што велат од партијата, катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија.

„Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство“, се посочува во партиското соопштение.

Меѓутоа ВМРО-Народна, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, сметаат дека фактите го зборуваат токму спротивното.

„Додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија, нема кажано никаков позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски“, стои во партиското соопштение.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial