ВМРО и Левица обвинуваат – власта инфилтрира лица за инциденти на протестите
ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството. Но, од оваа партија обвинуваат дека власта инфилтрирала луѓе за да ги предизвика тензиите, за полесно да помине францускиот предлог.
И партијата „Левица“ ја обвинува владата дека инфилтрирала лица блиски до полицијата. Претседателот на оваа партија Димитар Апасиев на својот ФБ профил директно го обвинува министерот за внатрешни работи Спасовски дека во толпата демонстранти пуштил 50 маскирани лица.
„Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија)“, рече Апасиев.
Македонската опозиција ги повикува граѓаните да продолжат со протестите против францускиот предлог, бидејќи како што велат, тој ќе ги асимилира Македонците и е штетен за македонскиот идентитет.