ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата за европски прашања – Османи и Димитров ги обвинија за антиевропско однесување

Опозицијата денеска ги бојкотираше излагањата на Димитров и Османи на седницатана собраниската комисија за европскипрашања. Со фотографија на министерот и вицепремиерот кога тие лани се пофалија со датум, Милошоски од говорницата ги обвини за ширење лажни вести и ги повика на одговорност. Вистинска дебата тој очекува утре, кога се одржи седницата на комисијата за надворешни работи.
Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика.
Министерот Димитров изјавите и однесувањето на опозицијата ја оцени какко политичка дрскост. Порача дека кога ЕУ имала политичка енергија да продолжи со процесот на проширување, тогашната власт градела споменици. Димитров го обвини ВМРО –ДПМНЕ дека токму поради нив не може да се донесе законот за јавно обвинителство, кој е високо на агендата на евроинтегративниот процес.
Да сум на местото на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да зборувам за Европската унија, да изговорам ЕУ.
Димитров и Османи не губат надеж дека се уште има време да за позитивна одлука во наредниот период и да се разубеди скептичната Франција. Тие се согласуваат дека одлуката на Европскиот совет е историска грешка и неправда, но и дека мора да се истрае на европскиот пат.
Димитров побара од Унијата да се придржува до принципот секоја земја да биде вреднувана според своите заслуги, а не во пакет, како што сега е случај со Албанија. Тој порача дека е подобро зелено светло макар и за една земја, отколку црвено за двете.