ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја намали акцизата на горивата за 50%, и намалување ДДВ за вештачки ѓубрива на 0%
СДСМ да ја намали акцизата на горивата за 50%, и намалување ДДВ за вештачки ѓубрива на 0%.
Квази мерката за намалување на акцизата на горивата за 30% е само дневен популизам, за да не се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.
СДСМ да се охрабри и да се стави над дневниот популизам. Да прифатат намалување на акцизата за 50%.
Исто така СДСМ да ги прифати мерките на земјоделците за намалување на ДДВ за вештачките ѓубрива, но и укинување на акцизата и ДДВ за зелената нафта.
Стопанството и граѓаните имаат потреба од реални мерки. Владата ако не знае, доволно е да ги следи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ