МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста е дека СДСМ ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„СДСМ преку својата фабрика за лажни вести во пресрет на изборите се расфрла со лаги. Партијата која си заминува од власт во обид да го ублажи поразот свесно манипулира со пензионерите во Република Македонија.

Најавеното покачувања е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев, а реалноста е дека СДСМ ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои треба и им следува.

Криминалната власт веднаш откако дојде на власт им ги укина 5% покачување на пензионерите кои ги добиваа во  време на ВМРО-ДПМНЕ и сите други привилегии кои ги уживаа, а потоа намерно ја промени методологијата со која наместо да им покачи всушност им крати.

Во услови кога трошоците за живот растат, Заев и СДСМ манипулираат со пензионерите и ги убедуваат дека траба да бидат задоволни со трошки, наместо со погача.

За среќа на пензионерите, а и на сите македонски граѓани СДСМ и Заев си заминуваат од власт. После 12 април следува Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш пензионерите и граѓаните ќе ја добијат правдата и ќе си ги добијат парите кои СДСМ им ги крати.“

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial