МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВМРО-ДПМНЕ за Рашковски: Скандали не се покриваат со оставка

По оставката на поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „до крај да бидат истражени аферите во кој тој наводно е вовлечен, како и да биде испитана неговата имотна состојба“.

Од таму велат дека и поранешните директори на Фондот за здравство и Агенцијата за европски образовни програми , Ден Дончев и Лидија Димова, си поднеле принудни оставки, но без санкција.

Рашковски денеска поднесе оставка од функцијата во Владата, за, како што вели, „да го сочува достоинството и интегритетот“. Рашковски беше посочуван од опозицијата за низа афери за кои дел преземаа чекори Антикорупциската комисија и Јавното Обвинителство. Рашковски се поврзува со случаите Леонардо, Хеликоптерска единица, Софтвер, Џип…„Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност. Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска“, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ по оставката на Рашковски.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial