Нова страница за информации

ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска да отвори случај за набавката на кинески вакцини

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Државната комисија за спречување корупција поднесе документација, објавена во медиумите, според која министерот за здравство, наводно овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески „Синофарм“ за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прес-конференција објави документи со потпис на Филипче.

„Ова се документите од кои се гледа дека Филипче ја овластил фирмата, а ова е неговиот потпис. Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев.

Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел сега ќе поднесеме претставка. Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии“, вели Лефков.

На забелешката дека Филипче го обвинил за клевета и најавил тужба, Лефков порача дека „министерот Филипче наместо да работи на тужбата денеска најдобро е да се посвети и да работи на неговата одбрана, затоа што ќе дојде време кога за ова ќе се одговара“.

Според него, документите покажуваат дека цената на вакцината по една доза била над 60 долари, а според партиски информации, објавите на пример во Унгарија во Њујорк Тајмс денеска пишувало дека за 30 евра е набавена во Унгарија.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial