Владата ќе го разгледа предлогот за намалување на ДДВ кај струјата
Владата ќе го разгледа предлогот на Европската енергетска заедница за евентуално намалување на ДДВ-то кај електричната енергија од 18 на пет проценти, за да се намали цената на струјата.
„Сè што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифатливо, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што значи тоа, секако, за стабилноста економска на државата, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство“, изјави денеска премиерот Заев.
„Мораме да водиме грижа какво ќе биде влијанието врз севкупното обезбедување доволни ресурси во нашата економија. Но секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимание, посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница. Ќе ја разгледаме и ќе оформиме заеднички став како Влада“, истакна Заев.