МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Владата за објавите на Џамбаски: Дејства против добрососедството и пријателството

На прашањето на МКД.мк дали и како ќе реагира македонската влада откако вчера бугарскиот европратеник и политичар Ангел Џамбаски провокативно и навредливо кон македонската држава и премиерот Зоран Заев објави видео и текст во кој Македонија ја нарече бугарска земја, владината служба за односи со јавноста одговори дека „Сите дејствија на кој било чинител што одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“.

Владата и „дали ваквата објава на европратеникот и бугарски политичар Џамбаски ја смета за закана по мирот и територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија“, а во целосниот одговор се вели:

„Владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатија јасни пораки дека Северна Македонија и Бугарија се посветени да градат позитивни односи и доверба со цел надминување на разликите. Ги охрабруваме сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение. Сите дејствија на кој било чинител кои одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“.

Европратеникот Џамбаски вчера напиша: „Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата”.

Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но не бивало Бугарија да биде изнудувана. Пораките што ги упатуваат се следни:

Пријателство се гради со доверба и доследност.

Вистината не може да се заобиколува.

Договорите, Заев, се двострани документи.

Вие одбивате да стоите зад вашиот потпис.

Бугарските патриоти ќе ја продолжат битката за својата вистина. Македонија е бугарска.

Под пораките се потпишани Бугарските патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ.

Инаку, бугарските власти критикуваат за постоење говор на омраза во македонската јавност, меѓу политичарите и медиумите, но никој таму не кажа ниту збор за говорот на омраза во бугарската јавност.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial