МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Владата ги ограничува трговските маржи, Бектеши со порака нема да дозволиме трговците да профитираат на грбот на граѓаните

Владата ќе ги одмрзне цените – но ќе ги замрзне маржите за трговците. Од 1 март маржите на продажните цени во трговијата на големо не смеат да бидат повисоки од 5 проценти, а во таа на мало од 10 проценти.  Одлуката ќе важи  само за одредени производи –  лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 насто, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Министерот уверува дека од 1 март цените на овие прехрамбени производи нема да растат- туку напротив ќе се намалуваат. Анализите покажале дека производствената цена е за речиси 50 проценти пониска од таа која ја плаќаат граѓаните. Така на пример  производ кој се продава по 100 денари – од кога ќе се извадат маржите, другите давачки како рабатот на трговците, тие за маркетинг … има  производтсвена цена од 51 денар.

Бектеши најавува засилени конторли. Казните за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката се движи од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата. Најави и  Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура. Одлуката пак за ограничување на маржите ќе важи до крајот на мај.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial