МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Вкупната смртност од ковид-19 е околу три отсто

Кумулативниот леталитет од КОВИД, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Како што рече Петличковски одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Комисијата, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.

-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци, информира Петличковски.

Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од  шест до 14 години и уште еднаш апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial