МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

(Видео) Протест на камионџиите во Скопје поради зголемената акциза на горивата

Со вклучени сирени во знак на револт камионџиите излегоа на протест со своите товарни возила во центарот на Скопје за да испратат порака до надлежните да се повлече одлуката за зголемувањето на акцизата од 3 денари на горивата. Воедно, тие бараат и да се воведе прогресивно даночење, што, според нив, ќе помогне да се спаси овој бизнис.Протестот, како што најави организаторот од групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“, е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот.

Според организаторот на протесот, излезени се речиси 150 камионџии од целата држава. Велат оваа гласот го креваат поради тоа поскапата акциза е погубна за фирмите, кои и претходно биле на дополнителен удар. Затоа тие предлагаат прогресивно даночење за сите стопански субјекти, и тоа 0,5 проценти данок на доход за фирмите што имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, 1 отсто за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и 2 отсто данок на доход за сите што оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денар.

„Бараме, наместо акцизата, да се воведе прогресивен данок, со тоа што ќе бидат опфатени сите стопански и нестопански дејности. Исто така, бараме да се пролонгираат давачките за регистрација на возилата, а во исто време и поврат на средствата за некористење на патиштата, ДДВ-то да им се врати итно на сите транспортни компании за да не земаме кредити, туку да ги искористиме нашите пари за санирање на штетите од кризата. Посочуваме, и условите за бескаматните кредити да бидат пофлексибилни, односно да не се усложнува постапката ако должиме некој денар за данок или камата, затоа што во исто време државата ни должи куп пари по основ на камати за ненaвремeно вратено ДДВ. Со оглед на изнесените факти, мислам дека постои можност да се најде заедничко решение“, изјави Билјана Муратовска од групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial