МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВИДЕО: Меркел за малку ќе заплачеше – ги молеше граѓаните да се придржуваат на корона мерките

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше денеска до сонародниците да ги намалат контактите за време на Божоќ, истакнувајќи дека наулниците практично ги молат граѓаните да се држат до научните патокази.

Секогаш воздржаната и студена, Меркел сега во емотивниот настап, на ивица да не заплаче, ги замоли Германците да се придржуваат до пропишаните мерки.

„Бројот на контакти е преголем, навистина ми е жал, но ако цената која ја плаќаме е 590 смртни случаи дневно. тогаш тоа според мене е неприфатливо“, рекла видно вознемирената Меркел.

Обраќајки им се на пратениците, Меркел рекла дека ограничувањата се воведени на почетокот на ноември не се покажале како ефикасни, со оглед на големиот број смртни случаи поврзани со коронавирусот и приемите на одделенијата на интензивна нега, регистрирани пред празниците.

„Ако имаме премногу контакти до Божиќ, на крајот тоа ќе биде последниот Божиќ со нашите дедовци и баби, тогаш ќе направиме нешто погрешно. Не смееме да дозволиме ова да се случи“, рекла таа.

Во меѓувреме, Германија забележа најголем број дневни смртни случаи од коронавирус, 590 според податоците на Институтот Роберт Кох.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial