МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВЕТОТО – ТЕМА ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ЗАХАРИЕВА ПОРАЧУВА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

Бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева го образложи ветото во Брисел за Македонија пред бугарските пратеници.

Министерката за надворешни работи на Бугарија вели дека македонските политичари ќе мора да достават гаранции дека ќе го спроведат договорот за добрососедство доколку сакаат отварање на европскиот пат. 

Бугарската министерка за правда, Десислава Ахладова на седницата пак објави дека од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година вкупно 77.829 државјани на Македонија поднеле барање за бугарско државјанство, и тоа според пратеникот Христо Гаџев значи дека „додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, во Северна Македонија се води недопустлива политика против Бугарија“.

Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски пак најави предлог до бугарската влада да им се одзема бугарското државјанство на македонците кои водат во антибугарската реторика и „го оцрнуваат името на Бугарија“.

Веројатно сакајќи да покаже колку според неа се неодговорни македонските политичари, Захариева се замеша и во преспанскиот договор кој според неа не се исполнувал според роковите.

Вчера во Софија специјалниот претставник на Македонија во Бугарија однесе нон-пејпер со гаранции дека земјава нема претензии кон Бугарија. Инаку ова е трет пат Македонија да праќа таков документ, после договорите за добрососедство меѓу двете земји од 1999 и 2017 година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial