МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

„Вело Училишта“- Нов проект во Општина Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Здружението за заштита  и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој- Еко Логик, г-дин Никола Нешкоски, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу овие две институции.

Согласно потпишаниот Меморандум, во Општина Кисела Вода ќе се реализира проектот „Вело Училишта“ креиран од страна на „Еко Логик“ кој ќе има за цел да го зголеми и унапреди  знаењето за темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот кај учениците, нивните родители, наставниците и пошироката јавност од Општина Кисела Вода. Во проектот ќе бидат вклучени сите општински основни училишта од Општината.

Преку проектот „Вело училишта“ во Република Северна Македонија е оформена првата официјална мрежа на општинските основни училишта кои активно, посветено и редовно ќе работат на темите велосипедизам, одржлив транспорт и безбедност во сообраќајот.

                Проектот „Вело Училишта“ е подржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е со времетраење до Јуни 2020 година. По добиени препораки од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, проектот „Вело Училишта“ ќе биде имплементиран  во наредните 5 години со можност за продолжување.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial