МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Брнабиќ: Ќе усвоиме дополнителни мерки, се затвараат шалтерите, забранет извоз на лекови

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб изјави дека Владата ќе донесе дополнителни мерки, бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка, пишува Дневник.рс.

„На седница на Владата ќе ги заостриме мерките во врска со работењето на кафулињата и рестораните, односно бројот на луѓе кои се во нив, по квадратен метар по лице. Ќе ги затвориме сите шалтери во јавната администрација, на локално и републичко ниво“, изјави премиерката, додавајќи дека сите документи, чиј рок истекнува, ќе продолжат да важат се до истекувањето на вонредната состојба.

Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома.

Таа истакна дека сите кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Австралија и Швајцарија мораат да бидат во изолација најмалку 28 дена, а за оние кои ќе ја нарушуват мерката, ќе следува казна од 150.000 динари (1.275 евра).

Српската премиерка изјави и дека ќе биде забранет извозот на сите лекови од Србија .

– Владата ќе донесе заклучок со кој ќе се ограничи купувањето заштитни маски, не повеќе од 10, десет ракавици, две поголеми средства за дезинфекција, пет помали, нагласи Брнабиќ.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial