МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Брнабиќ: Атентатот врз Вучиќ се планирал за февруари

Лавина реакции во Србија предизвика информацијата за наводен план за атентат врз претседателот Александар Вучиќ, која српските безбедносни служби соопштија дека ја добиле преку Европол, од земја-членка на Европската Унија.

Премиерката Ана Брнабиќ вели дека е засилено обезбедувањето на Вучиќ. Како што кажаа таа, атентатот се планирал за февруари.

„Се работи за сериозна закана. Информациите од Европол на писмено ги има Министерството за внатрешни работи. Сè што ќе кажам може да ја загрози истрагата и да ги предупреди тие луѓе“,

рече таа, истакнувајќи дека е важно да се открие каде се луѓето кои биле закана за безбедноста на Вучиќ.По информацијата за атентатот, владини членови му изразуваат поддршка на Вучиќ.
Српската вицепремиерка, Зорана Михајловиќ, изјави дека државата има сила да се справи со заканите кои доаѓаат од организираниот криминал и оти верува дека надлежните органи ќе направат се за да го заштитат претседателот.
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, истакна дека планот на криминалната група и нивните газди е да направат хаос во Србија.
Информациите се сериозно и загрижувачко предупредување, порача и министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ.
Информациите кои српските безбедносни служби ги добија со посредство на Европол укажуваат дека како држава уште поодлучно треба да се спротивставиме на организираниот криминал, рече министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.
Вчера, министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, соопшти дека српските безбедносни служби на 14 јануари со назнака „итно“, преку Европол, добиле информација од земја членка на ЕУ дека организирана криминална група на чело со Радоје Звицер, планирала атентат врз Александар Вучиќ. Звицер е познат како водач на „кавачкиот клан“ и по него е распишана потерница.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial