Нова страница за информации

Бочварски: Нема судир на интереси при изборот на директорот на МЕПСО

Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата. Колку што сум информиран правните тимови на Владата го имаат разгледувано мислењето од ДКСК и сметам дека ставот на Владата е дека нема судир на интереси во однос на поставувањето на директорот на МЕПСО, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочваски.

-МЕПСО има свој Управен и Надзорен одбор. Надзорниот одбор согласно законските можности избира претседател на Управниот одбор и сите останати органи и тела на компанијата. Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата. Сепак, ќе ја следиме состојбата и ќе ги видиме сите аргументи и прашања кои се отвораат и стоиме на располагање да разговараме на оваа тема. Мислам дека според сите правни аргументи кои досега ги имам слушнато јас, но и Владата дека таму нема судир на интереси, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето на воспоставувањето нова директна авиолинија меѓу Скопје и Киев.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial