Боне: Со Брегзитот Британија се казнува себеси
Долгите и мачни преговори за Брегзит не се резултат на желбата на Европската унија да ја казни Велика Британија поради нејзиното излегување, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент Боне.
Велика Британија официјално ја напушти Европската унија на 31 јануари за да го спроведе резултатот од референдумот во 2016 година, но напорите да се задржи пристапот до единствениот пазар на Европската унија по 2020 година завршија со трговски договор пред само една недела.
„Со Брегзит, Велика Британија самата се казнува“, рече Боне за француската телевизија LCI. „Не се обидувавме да ја казниме.Велика Британија сфати дека неможноста за пристап до европскиот пазар би бил економска катастрофа“, додаде тој.
„Затоа, со постигнатиот договор има пристап до европскиот пазар, но со почитување на нашите услови.
Велика Британија официјално ја напушта Европската унија ноќеска на полноќ, по често напнатата 48-годишна врска со Унијата.
„Овој ден ќе биде историски, но ќе биде и тажен ден затоа што кога една земја ќе ја напушти ЕУ за прв пат по 45 години соживот, тоа е тажно“, рече Боне.
„Брегзит мора да биде лекција дека како Европејци се стремиме да одиме напред подобро, побрзо и посилно.