МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Боки 13 во Обвинителството ги гледа доказите против него

По само 48 часа, Боки 13 повторно кај Вилма Рускоска. И денеска точно напладне затворската полиција го донесе во Обвинителството за организиран криминал од затворот во Шутка. Наметнат со мантил и лисици на рацете, Боки 13 се качи во канцелариите на обвинителството.

Боки 13 од денеска заедно со неговиот адвокат ќе ги прегледуваат доказите кои ги собра обвинителството против него во „Рекет“. Откако детално ќе ги проучат, Бојан Јовановски ќе каже своја верзија за аферата. Во последниве два дена, Боки за втор пат се појавува во обвинителството.

Вчера од Шутка за да даде исказ беше спроведена и Катица Јанева. Но и таа побара прво лично да се запознае со доказите на Рускоска, па дури потоа да даде исказ и да каже која била нејзината улога во „Рекет“. Јанева заедно со адвокатите утре ќе врши увид во материјалот кој обвинителството го собрал против неа.

Инаку, Вилма Рускоска и официјално соопшти дека истрагата за „Рекет“ е завршена. Финишот на истражната постапка веќе му донесе замена на затворскиот со куќен притвор на Зоран Милевски – Кичеец. Тој побара да излезе од Шутка, Рускоска се согласи, а судот вчера му одреди куќен притвор. Барање да излезат од притвор по завршената истрага, најавија адвокатите и на Боки 13 и на Катица Јанева. Сите се осомничени во „Рекет“. Боки заедно со Кичеец изнудиле над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев со ветување дека ќе влијаат кај Јанева и ќе ја запрат истрагата на СЈО против него за наводно перење пари.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial