МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Блинкен се најавува како нов државен секретар на САД, Саливан советник за национална безбедност

Џо Бајден ќе го избере дипломатот Ентони Блинкен за државен секретар на САД, изјави лице блиско до тимот на избраниот претседател.Блинкен е долгогодишен човек од доверба на Бајден, кој служеше како втор човек во Стејт департментот и како заменик советник за Национална безбедност во администрацијата на претседателот Барак Обама, во која Бајден беше потпретседател.

58-годишниот Блинкен долго време го изнесува ставот дека САД треба да преземат активна лидерска улога во светот и да соработуваат со сојузниците. Луѓето запознаени со неговиот стил на управување го опишуваат Блинкен како „дипломатски дипломат“, добро упатен во надворешната политика.

Во врвот на новата американска администрација се очекува да биде 43 годишниот Џек Саливан, кандидат за позиција советник за национална безбедност. Тој исто така е искусен, долгогодишен соработник на бајден за прашања од националната безбедност, кој во времето кога хилари клинтон беше шеф на стејт департментот ја извршуваше функцијата шеф на одделот за стратешки прашања и планирање.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial