МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Битиќи: Не доцниме со четвртиот сет мерки, досегашните дадоа ефекти

Не доцниме со четвртиот пакет мерки, процесот на креирање на мерките како што го имаме воведено, да оди целосно инклузивен и со вклучување на сите чинители бара време, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи денес на прес конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за секоја мерка има различни показатели. „Зборуваме со синдикатите, со коморите, со обичните граѓани, да видиме како ќе биде најдобро да се искористи секој еден денар, а да не заборавиме немаме пари во изболство, и ќе треба секој денар најадекватно да се адресира“, рече Битиќи. Тој напомена дека треба да се подготвуваме за период во кој очекувања и кај нас и во светот се дека ќе има нов бран на КОВИД-19. „Ако вториот квартал беше тежок, во третиот работите се подобрија, но укажувањата се дека четрвтиот квартал ќе биде клучен за надминување на кризата“, рече Битиќи, додавајќи дека мерките кои наскоро ќе бидат објавени ќе бидат поткрепени со законски акти и ќе дојдат во моментот кога е најпотребно за стопанството. Подготовките, како што нагласи, се пред финализирање, а во тие рамки е и ребалансот на Буџетот. „Со него треба да утврдиме колкава е количината на средства со кои располагаме, а притоа да не направиме штета на планираните буџетски расходи кои мора да се реализираат“, рече Битиќи. Зборувајќи претходно за досегашната поддршка на стопанството и граѓаните, Битиќи рече дека Владата креираше три сета мерки за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5 отсто од домашниот бруто-производ. „Мерки кои беа навремени и сеопфатни за на стопанството и на граѓаните да им понудат поддршка за справување од кризата“, рече Битиќи. Зборувајќи детално за досегашните мерки, тој елаборираше дека со бескаматната кредитна линија Ковид – 1 преку Развојната банка во стопанството беа вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на компаниите од најпогодените сектори – туризмот, угостителството и транспортот на патници. За оваа бескаматна кредитна линија беа одобрени 737 кредити на компании кои вработуваат 6.509 лица. „Развојната банка пласираше и кредитна линија Ковид 2 во износ од 8 милиони евра која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица“, рече Битиќи. Тој додаде дека компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минимална плата 14.500 по вработен при што просечно во трите најкритични месеци – април, мај и јуни околу беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120 илјади вработени. Тука беа голем број меки мерки за кои има фиддбек од стопанството дека дале позитивен ефект – намалување на референтната камата на Народната банка, одложена исплата на ратите од кредити од комерцијалните банки за граѓаните, одложено плаќање на даноци за фирмите кои го намалија притсокот врз компаниите. Дел од третиот сет мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи, учениците и студентите, како и ваучерите за туризам со кои директно се влијаеше на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори, угостителството и туризмот. „Беа изработени вкупно 309.000 картички во вредност од 26,8 милиони евра, од кои 113.000 картички за невработени и приматели на социјална помош, поддршка изразена преку 16,5 милиони евра, потоа 111.000 картички за вработени со ниски примања во вредност од преку 5,4 милиони евра, 81 илјада картички за млади со поддршка преку 4 милиони евра, како и 4.000 картички за здравствени работници со 900 илјади евра. Дополнително, 117 илјади граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра“, рече Битиќи. Мерките се уште се спроведуваат и нивна цел е да се сочуваат работни места, да обезбедат дополнителен развој и да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и развој, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial