Нова страница за информации

БЕСИМИ: ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ Е ВО КОРЕЛАЦИЈА СО ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Фискалната децентрализација влијае врз економскиот развој, односно развиените земји имат во просек повисоко ниво на фискална децентрализација во однос на земјите во развој. Ние сме земја со среден степен на фискална децентрализација и треба да работиме на нејзино унапредување. 

Оттаму предлагаме реформа која се состои од три столба за зголемување на фискалниот капацитет на општините, нивно домаќинско работење и зголемена транспарентност, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата колумна посветена на фискалната децентрализација. 

„Градењето на добар и функционален систем на јавни финансии е основа за одржлив економски раст. Процесот на фискална децентрализација е дел од тој систем. Како што спомнав погоре, повеќе истражувања покажуваат позитивна корелација помеѓу степенот на фискална децентрализација и нивото на економски развој. Просечното ниво на фискална децентрализација во развиените земји е повисоко во однос на земјите во развој. Економскиот развој во повеќето земји во транзиција, исто така вообичаено е поврзан со раст на степенот на децентрализација. Но, секако оваа позитивна корелација е условена и со институционалниот т.е. фискалниот капацитет на локалната самоуправа, што во случајот на нашата земја може да биде и инверзен фактор во оваа позитивна корелација без зајакнување на капацитетите на локалната власт. Сепак, постојат и исклучоци, како и различни модели на фискална децентрализација, кои зависат и од нивоата на власт“ – пишува меѓудругото министерот Бесими.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial