МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Безос планира да изгради прва приватна вселенска станица

Извршниот директор и основач на компанијата Блу ориџин од Сиетл и основач на Амазон, Џеф Безос, во понеделникот објави дека планира да изгради прва приватна вселенска станица во орбитата помеѓу 2025 и 2030 година.

Станицата наречена Орбитал риф, Безос ја развива со неколку партнери, вклучувајќи го и Боинг, соопшти компанијата.

Орбиталн риф ќе служи како еден вид „мешовит бизнис парк“ и ќе биде наменет за различни клиенти, оние кои се заинтересирани за истражување, индустриски и меѓународни клиенти, но и за туристи.

Блу ориџин неодамна се најде на насловните страници по лансирањето во вселената на 90-годишната икона на „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, кој за време на својот краток престој таму го промовираше вселенскиот туризам.

Најголемата вселенска станица каде што астронаутите остануваат најдолго денес е Меѓународната вселенска станица (ИСС), управувана од американската вселенска агенција НАСА со бројни партнерски агенции од целиот свет.

Од 2000 година, ИСС е постојано населена со ротирачки состав на астронаути.

И Кина во моментов работи на изградба на сопствена вселенска станица Тиангонг, а неколку други приватни компании веќе ги изнесоа плановите за комерцијални вселенски станици.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial