МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ашраф Гани: Како претседател на Авганистан продолжувам да ја бранам татковината

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, порача дека останува на чело на државата за да ја брани татковината пред нападите на талибанското движење, известува Агенција Анадолија (АА).

Тој во кусото телевизиско обраќање на нацијата ги отфрли гласините дека планира да поднесе оставка и да ја напушти функцијата.

„Државата е во опасност“, рече Гани, кој во таа прилика ѝ се заблагодари на авганистанската нација и на силите за безбедност на нивната храброст, жртва и отпор во наметнатата војна со која се соочува Авганистан.

Гани вети дека нема да дозволи судирите да предизвикаат уште повеќе страдања.

„Затоа одржавме опсежни консултации со сите во Владата и со меѓународните партнери. Консултациите се во тек, а резултатите ќе се знаат наскоро“, изјави Гани.

Судирите во Авганистан се интензивираа по одлуката на САД за повлекување на војската од Авганистан и по неуспехот на мировните преговори во Доха. Бунтовничкото талибанско движење зазеде поголем дел од провинциите на земјата и изминатите денови се фокусира на напади за преземање на контролата над главните градови на авганистанските провинции.

Талибанското движење во изминатите 8 дена ја презеде контролата во 18 главни градови на авганистанските провинции. Авганистанската влада во моментов има контрола врз преостанатите 16 провинции.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial