МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

АХВ тврди дека зеленчукот и овошјето се безбедни

Менаџерскито тим на агенцијата за храна и ветеринарство неделава ќе носи конечна одлука дали ќе поднесат кривична пријава за ширење лажна паника што се смета за кривично дело.Првиот човек на АХВ Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од тешки метали, како што во неколку наврати соопшти опозицијата на своите прес конференции. Спроед Бабовски најверојатно се работи за лошо прточитани резултати од страна на опозицијата која треба да и им се извини на граѓаните.

Бабовски уште еднаш порача дека овошјето и зеленчукот по пазарите од домашно и увозно потекло се безбедни и дека нема простор за креирање на паника. Редовно се вршат контроли и секоја пратка која ќе покаже позитивни резултати или се враќа назад во земјата од каде потекнува или оди на уништување во депонијата Дрисла.

Во својот став Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ вели дека анализите недвосмислено потврдуваат присуство на пестициди и тешки метали во овошјето и зеленчукот кои се увезени. Тој прашува зошто Државната фитосанитара лабораторија се повикува на максимално дозволено ниво на тешки метали и анекс на правилник кој не е на сила а нема објаснување ниту за детектираното ниво на арсен во производите. Според Трипуновски поднесувањето на кривична пријава само говори за очајнички обид да се извлечат одгвороните од овој мега скандал.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial