МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

АНГЕЛОВСКА: Не ризикувајте си го здравјето со домашната платежна картичка

Владата откако сред епидемија со коронавирусот им фрли „коска“ на граѓаните со домашната платежна картичка, и направи гужви пред банките, сега преку министрите испраќа апели да не си го ризикуваат здравјето поради истата.

– Апел и молба до сите граѓани корисници на домашна платежна картичка! Да го почитуваме процесот и правилата за доброто на сите! Не го ризикувајте здравјето и избегнете одење во банките и чекање во редовите, порачува министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во продолжение на нејзината објава на Фејсбук, Ангеловска дополнува:

– Сите 320.000 граѓани ќе ги добијат своите картички во предвидениот рок, најдоцна до 18 јули. Секоја банка има свој распоред на печатење и издавање на картичките. Одењето во банка нема да го забрза процесот и доколку картичката не е изработена нема да може да биде издадена. Ако имате прашање за банката издавач – контакт центрите на сите банки стојат на располагање. На kupuvamdomasno.gov.mk внесете го својот ЕМБГ. Проверете која банка ќе ви ја издаде картичката и кликнете на линкот на банката. Тука ќе ги добиете сите информации за кога вашата картичка ќе биде готова. Банките и преку СМС ги известуваат корисниците на картичката кога истата може да ја подигнат или кога ке им биде доставана на домашна адреса, објавува Ангеловска на Фејсбук.

Деновиве, откако Владата ја пушти картичката, пред многу од експозитурите на банките се создадоа гужви и тоа во денови кога се објавуваат најцрни бројки за ширењето на коронавирусот во Македонија. Тоа уште повеќе го зголемува ризикот од ширење на заразата.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial