Нова страница за информации

Ангеловска-Бежоска: Народната банка секогаш е подготвена да води монетарна политика соодветна на движењата во македонската економија

„Поставеноста на нашата монетарна политика е условена од повеќе фактори, а клучно, од нивото на девизните резерви и од инфлациските движења. Имајќи го предвид актуелното високо ниво на девизните резерви со коишто располагаме, ние сѐ уште имаме простор да делуваме како и изминатите неколку години и да водиме релаксирана монетарна политика којашто значи обезбедување доволна ликвидност во економијата и обезбедување поволни услови за финансирање и на граѓаните и на корпоративниот сектор. Но сепак, треба да се има предвид дека и натаму, поставеноста на монетарната политика ќе зависи од случувањата во надворешното окружување коишто влијаат на екстерната позиција на нашата економија, како и од домашниот амбиент.“ – истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервјуто за Македонското радио – Радио Скопје.

Таа потсети дека надворешното окружување може да има влијание врз нашата економија преку повеќе канали како што се трговијата, условите на надворешно задолжување и странските директни инвестиции.

„Но засега, според сите расположливи податоци, не постои потреба од затегање на монетарната политика.“ – порача Ангеловска-Бежоска.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial