МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Актерот Феѓа Штукан е „безбедносна закана“ за Србија, ќе биде депортиран во БиХ

Актерот Феѓа Штукан од Босна и Херцеговина денеска ќе биде депортиран во Сараево, откако вчера беше приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а полицијата му врачила решение дека претставува безбедносна закана за Србија, потврди неговиот адвокат за Хина.

Штукан во неделата вечерта требаше да биде гостин на регионалниот фестивал „Крокодил“, но беше приведен на аеродромот „Никола Тесла“.

Адвокатот на Штукан, Сеад Спаховиќ, вели дека во формална и правна смисла, Штукан „ниту бил приведен, ниту уапсен“, само бил оттргнат од редот за пасошка контрола и изолиран до првиот лет за Сараево.

„Нема правен лек за решението што му го врачила полицијата“, рече Спаховиќ, наведувајќи дека документот се заснова „на проценките на официјалните органи“, но не објаснува како Штукан ја загрозува националната безбедност на Србија.

„Бизарно е што Штукан е прогласен за опасност за безбедноста на државата, а во одлуката никаде не е наведена аргументацијата на МВР на Србија ниту како, на кој начин и што конкретно направил за да постави опасност за националната безбедност. Ова е несомнено политички чин, а начинот на кој е спроведен во закон се нарекува – злоупотреба на дискреционото оценување“, оцени Спаховиќ.

Речиси идентична ситуација со полицијата имаше и Феѓа Штукан и претходно кога не му беше дозволен влез во Србија, што следеше по неговото учество на протестите „Србија против насилството“ и неговата поддршка за стотици илјади граѓани кои со денови демонстрираа на белградските улици и други градови по двете масовни убиства во мај 2023 година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, подоцна го нарече „криминалец“, а провладините таблоиди – „муслимански екстремист“, тврдејќи дека на протестот на опозицијата „повикувал на насилство и предлагал субверзивни акции“.

Штукан изјави за N1 Србија дека смета дека е бесмислено што бил етикетиран како „безбедносна закана за Србија“, оценувајќи дека тоа е „наместен“ процес.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial