МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Австријците и Германците им помагаат на Португалците во згрижување на заразените

Австрија и Германија се понудија за помош на здравствениот систем на Португалија во болничко згрижување на заболените од корона вирус, објавија денеска.

Понудено е згрижување во делот на болните кои од Португалија по воздушен пат би биле превезени во болници во Австрија. Бројот на такви пациенти треба да се договори со Министерството за здравство на португалија, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Императив на европската солидарност е да се спасуваат човечки животи брзо и без бирократија“, рече Курц.

Австрија веќе прими пациенти од Франција, Италија и Црна Гора во своите одделенија за интензивна нега.

Португалскиот здравствен систем е под голем притисок поради високата стапка на зараза. Здравствените власти предупредија дека останале само неколку кревети на одделијата за интензивна нега.

Лоша состојба на здравствениот систем

Германските оружени сили разгледуваат на кој начин да ѝ помогнат на Португалија откако од таа земја се врати лекарски тим кој беше во мисија за проценка на состојбата.

За природата и опсегот на помош на Португалија допрва треба да се одлучува рече портпаролот на германското министерство за одбрана.

Магазинот Дел Шпигел јави дека 27 лекари и друг медицински персонал може да замине за Португалија на почетокот на февруари за да им помогнат на колегите таму. Се разгледува и можноста за праќање респиратори и болнички лревети.

Дер Шпигел наведе дека стручњаците од германските оружени сили виделе катастрофална состојба во португалските болници. Здравствениот систем е пренапрегнат, а повеќето од персоналот и самите се заразени. Засега не е договорена евакуација на пациенти по воздушен пат.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial