Авганистанската војска почнува голем напад врз талибанците, прогласен полициски час (ВИДЕО)
Авганистанските власти, веќе два месеци соочени со двомесечна офанзива на талибанците која не успеваат да ја сузбијат, прогласија денес полициски час на целата територија освен во три покраини, меѓу кои и Кабул.
„За да го сузбиеме насилството и да го ограничиме движењето на талибанците, полициски час е прогласен во 31 покраина“, од 34 во земјата, соопштија авганистанските безбедносни сили.
Полицискиот час ќе биде на сила од 22 часот навечер до 4 часот наутро.
Бунтовниците почнаа офанзива против авганистанската војска на крајот на мај, кога почна повлекувањето на американските сили и нивните сојузници од Авганистан, кое заврши и повеќе од 9.500 странски војници ја напуштија земјата.
Талибанците освоија големи делови од руралните области и тврдат дека контролираат 90 отсто од авганистанските граници каде ја водат офанзивата, и тоа со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран.
Владините сили досега пружаа само слаб отпор и ги надгледуваат само големите сообраќајници и главните градови на покраините.
По тридневниот мир на теренот за време на прославата на муслиманскиот празник Курбан бајрам, авганистанските сили објавија дека почнуваат голема воена операција во петнаесетина покраини за да ги потиснат талибанците.
Дописникот на Франс прес јавува дека во тек е голема владина офанзива во јужната покраина Кундуз.
Министерството за одбрана јави вчера дека војската успеала да врати важен округ во западната покраина Херат на границата со Иран.https://www.youtube.com/embed/fyIdmoLY7TA?modestbranding=0&html5=1&rel=0&autoplay=0&wmode=opaque&loop=0&controls=1&autohide=0&showinfo=0&theme=dark&color=red&enablejsapi=0
Соединетите Американски Држави, кои се повлекоа од Авганистан по 20 години, ѝ пружија на регуларната војска воздушна поддршка.
Талибанците американските воздушни напади ги нарекоа варварски.
„Жестоко ќе ги браниме своите територии и нема да бидеме во дефанзива ако непријателот сака војна“, предупреди портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид.
Остро ги негираше обвинувањата на владата во Кабул дека талибанците извршиле насилства врз цивилите во округот Спин Бопдак на границата со Пакистан.
Откако САД го објавија во 2020 конечното повлекување од Авганистан по 20 години, талибанците се обидуваат да се прикажат како поумерени и тврдат дека сакаат „политички договор“ за да се стави крај на војната.
Меѓутоа, меѓуавганистанските преговори почнати во септември 2020 во Доха се во застој и новата рунда заврши на 18 јули без резултат.
Владата во Кабул и талибанците меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на преговорите, а и едните и другите тврдат дека сакаат мир.